-->
-->
Русија: Негативни последици од нападите на САД во Сирија
-->
Претседателот на Руисија, Владимир Путин денеска свика седница на Советот за безбедност на Руската Федерација на која се разговараше за нападите што САД ги извршија врз сириска воздухопловна база.
На седницата се разговараше и за зајакнување на руските воздухопловни сили во Сирија.
Советот ги согледа негативните последици на нападите на САД и изрази жалење поради нанесената штетата врз односите меѓу Вашингтон и Москва.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека „во моментот не е во план“ разговор на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој исто така додаде дека на денешниот распоред не е разговор на Путин со претседателот ба Сирија, Башар ал Асад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас
-
Приведени шест возачи за управување со возило под дејство на алкохол
-
Приведен 29-годишник од Неготино, поднесени кривични пријави и одредена мерка притвор
-
Приведени две лица, пронајдени дрога, дигитална вага и пари | ФОТО
-
Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево
-
Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
-
Државјани на Египет и Албанија нелегално влегле во Македонија
-
Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот