Циглер: Третата светска војна е во тек

Советникот во Советот за човекови права на Обединетите нации, Жан Циглер оцени во интервју за виенскиот весник „Курир“ дека третата светска војна е во тек.
Тој укажа дека 54 милиони луѓе минатата година се убиени во војна, починале од глад, загадена вода или од веќе победени епидемии.
Тој нагласува дека живееме под светска диктатура на глобалниот финансиски капитал.
- Олигарсите на 500 најголеми концерни контролираат 52,8 отсто од светскиот Бруто домашен производ. Тоа е моќ, која ја нема ниту еден крал, цар, папа. Концерните не се под државна контрола и следат само една стратегија - максимизирање на профитот. А денес во САД милијардерите се директно на власт, вели Циглер.
Тој укажа дека и покрај парцијалниот напередок во намалување на жртвите на сиромаштијата и натаму од 7,3 милијарди, една милијарда луѓе перманетно се изложени на глад, што е последица на како што вели „канибалистичкиот светски поредок“.
Во врска со Доналд Трамп и неговите најави за намалување на учеството во меѓународните организации Циглер предупреди дека САД се најголем контрибутор во ОН, со 26 отсто од вкупниот буџет, односно кај мировните мисии учествуваат со обезбедување на 60 отсто од средствата.
- Ако Трамп го намали финансиското учество, ОН ќе бидат парализирани, рече Циглер.
Тој изрази уверување дека Трамп нема да биде четири години на функцијата, оценувајќи дека ќе има или психички проблем или притисокот ќе биде толку голем, што тој повеќе нема да може да владее.
- Поднесувањето оставка, но и изгласувањето недоверба се можните варијатни, смета Циглер.
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
