Три лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје
На подрачјето на Скопје во изминатите 24 часа се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои во две потешко се повредени еден возач на патничко возило, еден сопатник и еден мотоциклист, а со телесни повреди се здобил еден возач на патничко возило.
Во пет сообраќајки со полесни повреди се здобиле шест лица, а во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Во текот на изминатиот ден полицијата открила 18 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината, двајца возачи се исклучени од сообраќај бидејќи возеле под дејство на алкохол, четворица поминале на црвено светло, односно не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, додека 19 возачи возеле со неважечка сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.
Со помош на специјалното возило, отстранети се 24 возила.
Одделението за превенција заедно со „Училишната сообраќајна единица“ денеска ќе превземаат превентивни мерки од областа на сообраќајот на подрачјето на општина Центар, поточно на булеварот „Кочо Рацин“ пред ООУ Димитар Миладинов и на улицата „11 Октомври“ во непосредна близина на Градската болница.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци