Сообраќајот по влажни коловози, слаб снег и магла на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. На Попова Шапка провејува слаб снег и има намалена видливост од 30 до 40 метри поради појава на магла, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини се пренасочува преку градот Битола.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Ново на Сител
-

Белата куќа: Јужна Африка ги поткопува принципите на Г20 со тоа што не го предава претседателството на САД
-

Потпретседателот на Собранието Милошоски ќе учествува на 4. парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа
-

Во Словенија референдум за асистирано самоубиство
-

Предвремени претседателски избори во Република Српска
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

ИЈЗ со препораки за населението во поплавените подрачја
-

Вардар подобар од Брера на гостувањето во Струмица
-

ЦУК: Стабилна состојба на реките по обилните врнежи, се расчистуваат мостови
