Вработени во ДЗС ја злоупотребиле службената положба и причиниле штета од 154.816 денари
Кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластување се поднесени против тројца вработени во Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија - подружници Гевгелија и Валандово.
Станува збор за Ѓ.И. (59) од Валандово, М.Т. (51) од Гевгелија и Ѓ.П. (45) од Валандово кои, како што соопшти полицијата, причиниле материјална штета од вкупно 154.816 денари.
Првите двајца се товарат за 16, а третиот за 15 кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Прво и второ пријавениот во периодот од 1 декември 2014 година до 6 септември 2016 извршиле 16 инспекциски надзори во 14 правни лица на подрачјето на општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци, за што изготвиле 16 записници во кои констатирале прекршоци-недостатоци сторени од страна на одговорните лица во правните лица. Констатирале дека не се вршени мерења на громобранска инсталација и заштитно заземјување, како и дека нема на увид елаборати за извршени мерења на громобранска инсталација и заштитно заземјување. Согласно записниците, давале рокови од 30 дена, односно осум за отстранување на недостатоците.
- По изминување на дадените рокови не вршеле контролен инспекциски надзор за констатирање на состојбите и почитување на дадените рокови за отстранување на недостатоците. Со овие дејства Ѓ.И. и М.Т. му овозможиле на Ѓ.П., во својство на одговорно лице, во име и за сметка на правното лице да стекне имотна корист од 431.009 денари. По вршените инспекциски надзори од страна на прво и второпријавениот во правните лица, третопријавениот со вршење задолжените мерења на громобранската инсталација и заштитното заземјување и изготвување на задолжените елаборати, причинил вкупна материјална штета од 154.816 денари, информира МВР.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица