Адвокатска комора: Се намалува тарифата за договорите со вредност од над 10.000 евра

Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Македонија донесе Одлука за намалување на Адвокатската тарифа во однос на договорите со вредност од над 10.000 евра, кој во согласност со новиот Закон за нотаријат задолжително треба да бидат изготвени од адвокат. Воедно, за состав на овие договори повеќе нема да се пресметува ни износот од 30 отсто на име паушал, соопшти денеска Адвокатската комора.
Во постапките за издавање на платен налог, како што информираат, адвокатските трошоци ќе се пресметуваат во износ од 70 отсто од адвокатската награда и нема да се наплатува состав на полномошно и трошковник.
Во соопштението се потенцира дека со овие измени на Адвокатската тарифа, Адвокатската комора дава придонес во заштитата на граѓаните и на правните субјекти од несразмерно оптеретување со трошоци.
- Доколку ваквиот став на Адвокатската комора го следат и останатите субјекти во постапките, со намалување на надоместоците на нотарите и извршителите во постапките, ќе дојде до значително финансиско олеснување на граѓаните и правните субјекти во остварување на нивните права во овие постапки, стои во соопштението од Адвокатската комора.
Ново на Сител
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
-

Израелски лекари згрижиле 89 лица за време на иранските напади
-

Муцунски: Стоиме зад САД во справувањето со заканите на Блискиот Исток
-

Во напад врз зграда во Дубаи повредени четири лица
