Италија и Либија постигнаа договор за прекин на миграцискиот бран
Италија и Либија постигнаа договор за прекин на миграцискиот бран, пренесе БТА.
Италијанскиот премиер Паоло Џентилони соопшти по вчерашната средба во Рим со либискиот колега Фајез ал Сараџ дека двете земји потпишале меморандум за разбирање за зајакнување на соработката и за борба против трговијата со мигранти.
Договорот предвидува, главно, обезбедување на обука и опрема со цел поефикасна контрола на долгите граници на Либија во пустината и зајакнување на крајбрежната стража на земјата, која во моментов има ограничен број пловила.
Главниот миграциски поток од Африка кон Европа во моментов е токму од Либија кон Италија.
Сараџ предупреди дека обуката на либиската крајбрежна стража и обезбедување на повеќе помош нема да бидат доволни. Тој повика на „попрактични" европски механизми за поддршка на Либија.
Минатата година околу 181.000 мигранти пристигнаа од Северна Африка преку Средоземното Море во Италија. Околу 4.500 лица загинаа при ризичниот потфат.
Ново на Сител
-
Нестабилно со дожд и грмежи, следните три дена пораст на дневната температура
-
Спречен шверц на цигари во вредност од скоро 4.000 евра - пет лица добиле кривични пријави | ФОТО
-
Нејмар подготвен за враќање ви репрезентацијата на Бразил
-
Почнува нејасно да зборува, ова е моментот кога српскиот министер Глишиќ доживеа мозочен удар | ВИДЕО
-
Слот: Вирц против Атлетик покажа одлична креативност во последната третина
-
Израел ќе им дозволи на проверени Палестинци да помогнат во дистрибуцијата на помош во Газа
-
„Чет-ГПТ“ ќе ги потсетува корисниците да направат пауза од подолгите разговори
-
ДЗС: Почна обуката на кандидатите кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари