Намалена цената на геотермалната вода во Кочани

Цената на геотермалната вода се намалува за 1,2 денари по метар кубен и наместо 31,6 денари ќе изнесува 30,4 денари за метар кубен, одлучи Советот на општина Кочани на денешната редовна седница .
- Ваква одлука донесе Управниот одбор на КЈП „Водовод“ на последната итна седница, која се одржа на 12 јануари годинава. Советот на општина Кочани на денешната седница само ја потврди одлуката за намалувањето на цената на геотермалната вода, изјави Љупчо Папазов, директор на КЈП„Водовод“ од Кочани, претпријатие кое стопанисува со геотермалниот систем во Кочанско.
Одлуката за намалување на цената на термалната вода, според Папазов, е донесена врз основа на промена на цените на поедини калкулативни елементи кои влегуваат во структурата на цената, а намалениот износ е изработен од стручните служби во претпријатието.
Со ова намалување во екот на зимската сезона и во услови на поларни температури кои го загрозуваат оранжериското производство, се дава значаен придонес во намалувањето на трошоците на раноградинарите и побезболно пребродување на критичниот период бидејки драстично е зголемената потрошувачка на термална вода и други енергенси за одржување на производството. Краставиците во малопродажба се продаваат по 160 денари, а доматите по 120 денари за килограм.
Ново на Сител
-

Зеленски денеска во посета на Грција – грчката полиција забрани протести во Атина
-

Митрашиновиќ влезе во историјата на македонската кошарка
-

АХВ спроведе засилени контроли кај операторите со храна во близина на училиштата
-

Александар Стуб: Неверојатно е да се случи прекин на огнот во Украина пред пролетта следната година
-

Лејкерси го победија Милвоки, Дончиќ постигна 41 поен
-

Временските услови поволни за земјоделството, добредојдени и најавените врнежи
-

Велс минимално го совлада Лихтенштајн, македонската репрезентација со реми во Кардиф ќе обезбеди бараж
-

Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 20 степени
