Честитка од претседателот Иванов до српската заедница за празникот Свети Сава
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, по повод празникот Свети Сава упати честитка до претставниците на српската заедница во Република Македонија, соопшти неговиот кабинет.
- „Прославата на Денот на првиот српски архиепископ е можност да се присетиме на делото и на учењето на овој просветител и државник, кој има големо значење за развојот на српската, но и за негувањето и за ширењето на христијанската мисла на овие простори. Република Македонија е пример на овие простори како се почитуваат и како се прифаќаат етничките заедници, вклучително и српската. Српската заедница во Република Македонија и македонската заедница во Република Србија се гарант за добрите односи меѓу двете пријателски држави. Тие се лојални граѓани на своите држави и посветени родољуби на своите народи кои придонесуваат за развојот и за квалитетот на односите меѓу двете држави. Република Македонија и Република Србија имаат долга историска и културна традиција која не може да биде нарушена поради различни ставови по некое прашање.
Изминативе години ни покажаа дека онаму каде што постојат различни ставови и мислења, истите треба да ги решиме по пат на дијалог. Уште еднаш, честитајќи ви го празникот, сакам да ве уверам дека и во иднина ќе продолжиме да ги негуваме меѓусебните односи во духот на добрососедството и блиската соработка меѓу двата народа. На сите граѓани кои го празнуваат Свети Сава како домашна слава им посакувам добро здравје и бериќетна година. За многу години празникот.“, стои во честитката на претседателот Иванов до српската зедница во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Магистралниот пат Охрид - Ресен затворен за сообраќај поради незгода
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми