Лавров: Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД
Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД, што ќе биде засновано врз рамнотежа на интересите, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
- Не се вознемируваме премногу, но ќе бидеме подготвени да дадеме свој придонес за нормализирање на односите со САД. Тоа е можно само ако е засновано на рамноправност, взаемно почитување и рамнотежа на интересите, таму каде што имаме заеднички цели, како што е борбата против тероризмот, истакна Лавров.
Шефот на руската дипломатија на прес-конференција по средбата со унгарскиот колега Петер Сијарто истакна дека Москва внимателно го следи развојот на ситуацијата во САД и веќе забележала дека голем број надворешнополитички приоритети на американскиот претседател Доналд Трамп се согласно ставовите на Русија.
- Гледаме дека многу важни надворешнополитички прашања кои ги спомена Трамп се согласуваат со она што го кажа рускиот претседател Владимир Путин за руските надворешнополитички приоритети, нагласи Лавров.
Тој порача дека Москва е подготвена да ги земе предвид одредени предлози на Трамп, како на пример начините за борба против тероризмот кои ќе ги претстави администрацијата на американскиот претседател.
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции