Јункер: Првпат во европската историја држави од ЕУ не применија усвоени одлуки
По првпат во европската историја држави од ЕУ не применија веќе донесени одлуки, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер пред Европскиот парламент, јави БТА.
Тој го критикуваше однесувањето на некои земји од ЕУ, кои не ги почитуваа воведените квоти за мигрантите.
- Треба да докажеме дека без ЕУ, ниту една држава нема да се справи сама со економијата, невработеноста, миграцијата и тероризмот. Нека не се мешаат темите за миграцијата со тероризмот. Треба да знаеме кога терористи ги минуваат нашите граници, посочи Јункер.
Тој изрази очекување новата агенција на ЕУ за азил да проработи набрзо како европската гранична служба.
- Официјално повикувам да ги завршиме промените во регулативата од Даблин до јули, изјави претседателот на ЕК.
Јункер додаде дека вчерашната изјава на британскиот премиер Тереза Меј за намерите на Лондон по претстојните преговори со ЕУ за прекин на досегашните односи, не е активирање на вистинската постапка. Тој истакна дека откако Велика Британија официјално ќе поднесе барање за напуштање на ЕУ, се предвидува рок од две години за преговори.
- Често нашите дилеми и разлики одат во корист на екстремистите и еврофобите. Се надевам дека оваа година младите ќе погледнат кон Европа, изјави Јункер.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни пожари во Прилеп и Долнени
-
Најсложена трансплантација на коска извршена на Клиниката за ортопедија
-
79-годишна тетовчанка измамена за 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци
-
За викеднот променливо време со повремен дожд и грмежи
-
Без вода дел од општина Ѓорче Петров
-
Приведено лице од велешко, предизвикало пожар на отворен простор
-
Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“
-
Уапсено 27-годишно лице поради производство и дистрибуција на детска порнографија