-->
-->
Босфор е затворен за движење во двата правца
-->

Невообичаено студената зима го стегна и Истанбул. Од синоќа таму паѓа обилен снег, а на места низ градот снежната покривка достига и до около 40 сантиметри. Температурите се движат меѓу минус 5 и минус 3 степени.
Поради недоволна видливост запрено е движењето на пловни објекти по Босфор и тоа во двата правца, се до новата наредба, соопшти поморската администрација.
Запрено е движењето и на патничките бродови меѓу азискиот и европскиот брег од повеќемилионскиот град, во правец кон Принцовите острови, Јалова и Бурса
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
