На камионот се пронајдени отпечатоци од главниот осомничен за нападот во Берлин
На вратите од камионот кој во понеделникот вечерта упадна меѓу штандовите на божикниот базар во центарот на Берлин и при тоа усмрти 12 лица и повреди 48 луѓе, пронајдени се отпечатоци од прстите на Тунижанецот Анис Амри, главниот осомничен за овој напад, тврдат германските медиуми.
Германските власти денеска се вознемирени поради фактот што се покажа оти Амри бил познат како потенцијално опасен џихадист и дека претходно годинава бил под полициски надзор.
Додека во Европа се интензивира потрагата за Амри, кој денеска полни 24 години, се поставува прашањето како успеал да го избегне апсењето и депортацијата, иако бил „под радарот“ на неколку безбедносни агенции.
Германските власти предупредуваат дека тој може да биде опасен и вооружен и нудат награда од 100.000 евра за информација која би довела до неговото апсење.
Вината за нападот ја презеде Исламската држава.
Ново на Сител
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја
-
Дебарските пожарникари за три месеци евидентирале 31 интервенција
-
Вардар во Велес излеан на кејот, а во Градсиот парк поплавени дрвјата покрај брегот
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 4 април
-
Влада: Проблемот на работниците мора да се реши системски
-
Лагард: Американските царини ќе имаат негативно влијание врз целиот свет