Свет
22. December 2016 - 8:37

Илјадници луѓе им оддаваат почит на загинатите во терористичкиот напад во Берлин

Десетина метри од местото каде што во понеделникот со помош на камион беше извршен терористички напад во кој загинаа 12 луѓе, а 48 беа полесно или потешко повредени, граѓани на Берлин и посетители палат свеќи во чест за починатите. 

Покрај свеќи, дел од луѓето на неколку различни локации во близина на инцидентот оставаат и лични пораки.

„Кажете до кога?“, „Светлината е посилна од темнината“, „Ние сме Берлинци“, „Дајте му шанса на мирот“, „Солидарност со семејствата на загинатите“ и други десетици пораки на различни јазици можат да се прочитаат пред црквата Вилхелм Кајзер која се уште е обезбедувана од силни полициски сили.