-->
-->
Тачи: Не е тајна дека имаме директни контакти со новата администрација на Трамп
-->
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека од администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп добил уверување дека ќе биде продолжена специјалната соработка меѓу Косово и САД, пренесува денеска приштинскиот весник „Лајми“.
„Веќе не е тајна дека воспоставивме директни контакти со новата администрација на Трамп и дека оттаму не уверија дека специјалната соработка меѓу САД и Косово ќе биде продолжена во согласност со досегашната традиција“, рече Тачи во говорот на една трибина, пренесе приштинскиот весник .
Запрашан дали ќе биде косовски претседател уште еден мандат, Тачи рече дека ќе прифати мандат „само доколку биде избран од граѓаните на Косово“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нетанјаху го потврди патувањето во Вашингтон
-
Јаневска: Задоволна сум што и годинава се полнат средните стручни училишта
-
Дебар и неколку населени места утре шест часа без струја
-
Електронски свидетелства од наредната учебна година
-
Гостиварчанец возел мопед со 2,14 промили алкохол во крвта и паднал на коловозот
-
Бекер по петти пат ќе стане татко
-
Монтела останува турски селектор до 2028
-
Аспиликуета го напушти Атлетико Мадрид