Македонија
12. December 2016 - 20:58

Врие од полиција пред ДИК, Чичаковски се уште го нема

Припадници на Министерството за внатрешни работи се наоѓаат пред Државната изборна комисија, додека граѓаните чекаат претседателот на ДИК Александар Чичаковски да се појави во Комисијата и на јавноста да и го соопшти бројот на мандати кои го освоиле политичките партии на вчерашните предвремени парламентарни избори.

Останува нејасно од кого полициските екипи, кои се во поголем број, ја штитат Државната изборна комисија и кога претседателот Чичаковски ќе се појави во Комисија.

dikpolicija1

Граѓаните очекуваат ДИК конечно да излезе на прес-конференција и да ги соопшти изборните резултати.

Имено, во членот 135 од Изборниот закон е предвидено дека ДИК конечните резултати од изборите ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност, рок кој веќе Комисијата го прекрши.

dikpolicija2