ЕУ: Над 1.700 џихадисти се вратиле во Европа
Се проценува дека една третина од околку 5.000 џихадисти од европските земји кои се бореле во Сирија или во Ирак, се вратени во Европа и можно е некои од нов да планираат напади, се предупредува во извештај на Европската унија, чии делови се објавени денеска.
Извештајот ќе биде презентиран во целост од страна на координарот на ЕУ за борба против тероризмот Жил де Кершов на состанокот на министри за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ в петок.
Во извештајот се истакнува дека постојат два типа „странски терористички борци“ кои се враќаат во Европа.
- Поголемиот број од нив сами се враќаат, а другите се испратени на одредени мисии, што предизвикува најголема загриженост, се посочува во извештајот на ЕУ.
Исто така се предупредува дека безбедносна закана би можеле да претставуваат и жените од европските земји и децата родени или воспитувани во т.н. Исламски Калифат пто го прогласи групата Исламска држава (ИД) во Ирак и во Сирија, бидејќи е можно да се радикализирани.
Во извештајот се наведува и дека околу 2.500 џихадисти од Европа останале на бојните полиња и оти малку веројатно е масовно да се вратат во краток рок.
- Од Европејците кои отидоа да се борат од 15 до 20 отсто настрадаа, од 30 до 35 проценти се вратиле, а 50 отсто останале на бојните полиња. што е од 2.000 до 2.500 Европејци, се истакнува во извештајот на ЕУ.
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки