-->
-->
Портрет на венцоносецот Беи Дао во ДПМ
-->

Добитникот на наградата „Златен венец“ на годинашните Струшки вечери на поезијата, кинескиот поет Беи Дао, денеска ќе гостува во Друштвото на писателите на Македонија.
Ова, како што велат од ДПМ, ќе биде можност љубителите на литературата во Скопје да го проследат портретот на Беи Дао, еден од најголемите современи поети во светот.
На средбата за творештвото на Беи Дао ќе зборуваат претседателот на ДПМ Веле Смилевски, претседателот на СВП Славе Ѓорѓо Димоски и директорот на манифестацијата Мите Стефовски, а стиховите ќе ги кажува артистот Роберт Вељановски.
Книжевната средба во домот на писателите ќе биде чин на прогласување на Беи Дао за почесен член на ДПМ. Притоа кинескиот поет ќе има разговор со претставници на македонската писателска асоцијација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Полициски службеник ја заменил урината на својот приведен син, кривична за техничар кој му овозможил пристап до доказите
-

Триесет дневен притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, за едно лице одреден куќен притвор
-

Инфлација од 4.5 проценти во октомври
-

Кривична пријава против 40-годишна радовишанка, поради дојава за бомба во училиште во Радовиш
-

Ѓорѓиевски: Од понеделник 55 приватни автобуси ќе го засилат јавниот превоз во Скопје
-

Со Градскиот воз, БРТ системот и ЈСП скопјани конечно ќе добијат ефикасен јавен транспорт, кажа Ѓорѓиевски
-

Компанијата „Гунвор“ ја повлекува понудата за купување на „Лукоил“
-

Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје
