Избор на најдобри млади вина во Кавадарци

Вината од домашните производители се подобруваат секоја година. Тоа значи дека се следат советите на науката и дека винската практика е на се повисоко ниво, беше речено денеска во Кавадарци каде почна изборот на најдобрите млади вина.
Манифестацијата ја организира Здружението на винари од Македонија, а почна со дегустирање 60 мостри вина произведени годинава од индивидуални производители.
- Домашните производители и тоа како се за пофалба. Вината кои ги произведуваат се подобруваат од година во година. Со оваа манифестација сакаме да им наметнеме винска култура, добра винска и хигиенска практика, рече заменик-претседателот на Здружението Елена Богева.
Според неа, се зголемува и интересот кај домашните производители на вино за учество на манифестацијата.
- Веруваме дека има уште многумина кои ги чуваат бочвите само за себе и за своите блиски и не сакаат да се фалат многу со своето производство. Овој натпревар е токму за нив, вистински момент да им се укаже вистинскиот пат, како виното да заврши во шише за убави прилики, додаде претседателот на Здружението Игно Тасев.
Во изборот на најдобри млади вина учествуваат производи од Тиквешкиот регион, но и од други виногорја, Велешко, Гевгелиско, Валандовско, Скопско.
Денот на младото вино во светот се празнува од 1937 година, секој трет четврток во ноември. Изборот, пак, на најдобри млади вина се одржува во чест на празникот на млади вина „Божоле нуво” кој се слави во многу земји.
Здружението на винари третпат организира ваков настан заедно со Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип. Сите заинтересирани индивидуални винари можат да учествуваат со свои мостри на вино.
Ново на Сител
-

Скандал во скопско средно училиште: Наставник барал полови односи од 18-годишна ученичка
-

Игокеа го назначи Перо Антиќ за амбасадор на клубот
-

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани
-

Словачка Амбасада: Од 17 март нов директен лет Братислава-Охрид, нов чекор напред кон зајакнување на билатералните односи
-

Од 14 до 16 март Кочани ќе ја одбележи првата годишнина од трагичниот пожар во „Пулс“
-

Трамп: Не знам доволно за нападот врз училиштето во Иран, истрагата е во тек
-

Претрес на поранешниот ранч на Џефри Епстин во Ново Мексико
-

Македонија со 17 кикбоксери на Светскиот куп во Италија – над 2400 борци од 46 држави
