-->
-->
Целиот свет ми се урна во една минута: Две години мојата сестра и сопруг биле љубовници
-->

Ова е исповед на 32-годишна жена од Осиек на која сопствената сестра ѝ признала дека има афера со нејзиниот сопруг.
„Не можам да верувам дека ништо не забележав. Дури две години биле љубовници – мојата сестра и мојот сопруг. Наивно верував дека сестра ми е често кај нас бидејќи сака да поминува време со мене, но не било така.
Пред неполни три месеци ми рече дека сака да разговараме. Изгледаше некако невообичаено сериозно. Првото нешто што го изговори беше: „Не можам повеќе ова да го држам во себе, не можам. Спијам со твојот сопруг веќе две години.“ Останав скаменета. Најпрво ми се причини дека не слушнав добро, а потоа ме фати вртоглавица.
Целиот свет ми се урна во една минута. Ми исчезнаа сите надежи, сите планови... Почувствував голема празнина. Не знам колку време помина додека не бев способна да изустам нешто. Ја прашав зошто го направи тоа. Ми рече дека мојот сопруг ја привлекува од првиот ден кога сум ги запознала.
Плачеше и се обидуваше да објасни дека не сакала да се случи тоа, но дека нивните емоции биле посилни од разумот.
Ми рече дека сè започнало додека бев бремена со нашиот син, во периодот кога поради компликации бев во болница. Тоа сознание дополнително ме скрши. Се гледале кај неа во станот, а мене ми велеше дека мора подолго да остане на работа или дека е излезен со пријателите. Не се посомневав во ништо бидејќи беше работохолик.
По признанието од мојата сестра, го одведов син ми кај мојата мајка и чекав сопругот да дојде дома. Не се ни обиде да лаже ниту да тврди дека тоа не е вистина. Тивко призна дека е точно и дека тој и мојата сестра многу се вљубени. Ми рече дека сакал развод, но немал храброст да ми каже што се случува. Дури и плачеше.
Му реков да ги собере своите работи и да си замине.
Се пресели кај мојата сестра. Би била најсреќна кога ниеден од нив не би го видела никогаш повеќе во животот, но немам избор. Не можам на син ми да му забранам да го гледа својот татко“, заклучила несреќната жена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки