Македонија
9. November 2016 - 12:37

Европска премиера на македонскиот филм „Џган” на филмски фестивал во Холандија

Македонскиот филм „Џган” премиерно ќе биде прикажан пред холандската публика во рамки на „Eastern Neighbours Film Festival”, што од 9 до 13 ноември се одржува во Хаг.

Фестивалот има за цел да ја доближи кинематографијата на земјите од Источна и Југоисточна Европа, и тоа филмови од земји кои не се дел од ЕУ семејството, поблиску до кино публиката на Холандија.

„Џган“ ќе биде прикажан утре во 21:45 часот, и тоа во натпреварувачката селекција на филмови „Current engaging cinema“.

Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, ко-продуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија, и SEE Cinema network.

Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Во филмот од останатата актерска екипа играат и Сара Климоска, Љупчо Тодоровски, Адем Карага, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Борис Дамовски, Марија Кондовска, Ристо Буразденов, Мартин Живковски и др.

Поведен од слоганот на филмот дека “Никој не е роден насилен”, Вардан Тозија го изработи и сценариото и режијата, дизајнот на шминката и маските ги изработи Горан Игњатовски, костимограф е Жаклина Крстевска, дизајнер на Звук е Игор Поповски, музиката ја работеше Александар Пејовски, сценографијата е дело на Кирил Спасески и Наташа Димитриевска, директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажер е Атанас Ѓеоргиев, кастингот го работеше Кирјана Николовска, а продуцент на филмот е Огнен Антов.