Компаниите заинтересирани за Еразмус плус програмата

Компаниите се задоволни од Еразмус плус програмата и се повеќе аплицираат особено во делот за обука на вработените. Со тоа не само што добиваат поквалитетен кадар, туку и ќе ја прошират својата деловна соработка и стануваат поконкурентни на пазарот.
- Компаниите се задоволни имајќи предвид дека во Македонија се повеќе човечките ресурси стануваат значаен фактор во фирмите. Задоволни се бидејќи успеале пред се да ја зголемат мрежата на соработка со компании од Европската унија, истакна денеска на прес-конференција директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Дарко Димитров.
Тој најави дека наскоро ќе биде објавен повикот за користење на средства за 2017 година, а Македонија на располагање има вкупно 6,25 милиони евра.
Според Димитров, се повеќе се зголемува бројот на компании кои аплицираат за користење на средства од оваа програма.
- Во 2016 година корисници на Еразмус + програмата се Комората за приватно обезбедување и Стопанската комора за туризам со грантови во вкупен износ од 200 илјади евра. Годинава има и шест приватни деловни субјекти и 10 приватни високообразовни иснтитуции што укажува на фактот дека програмата е атрактивна и интересна за деловните субјекти, рече Димитров.
Сојузот на стопански комори ја гледа програмата „Еразмус +“ како можност за креирање на квалитетен кадар во процесот на формалното и неформалното образование.
- Квалитетниот кадар е предизвик на секоја компанија и неодминлив услов за функционирање на компаниите и за нивното успешно работење и конкурентост на пазарот, рече Александар Зарков, оперативен директор на Сојуз на стопански комори на Македонија.
Од 2015 година во соработка со стопанските комори се вршат обуки за компаниите за можностите што ги нуди оваа програма.
Ново на Сител
-

Муцунски: Една од иицијативите во Брисел е за одредени фази во проширувањето да се гласа со квалификувано мнозинство
-

ОЈО: Скопјанец осомничен за предизвикување опасност за животот на италијански државјанин
-

Владика кој твита, слика и учи за животот - Дали верата ја ограничува слободата? | Европски Митрополит Пимен | Sitel Podcast 126
-

Мицкоски на Самитот на лидери во Тирана
-

Намален бројот на превезени патници и поминати километри во автобускиот патен превоз
-

Вкупно 11 лица во постапка за поткуп и злоупотреби поврзани со даночното работење на кочанскиот клуб “Пулс”
-

Приведен 47-годишник од делчевско управувал возило под дејство на алкохол и излетал од патот
-

Пазарниот инспекторат откри поголема количина шверцувани производи од тутун
