Младенци објавија шокантна фотографија од нивната венчавка
Фотографиите од венчавката на една британска двојка секако не се вообичаени. Напротив, толку се шокантни, што една од тие Фејсбук ја тргна од нивниот профил.
Имено, 29-годишниот Гарет Фергусон и неговата 26-годипна сопруга Тони, сакајќи да бидат поинакви и оригинални, отидоа чекор понатаму.
Откако ги сместиле гостите, излегле надвор да се сликаат, но за една фотографија, имале посебно барање. Имено, фотографот требало да ги слика младенците како симулираат орален секс. Идејата можеби е добра во приказна, но некако е невкусна кога ќе ја видите на дело.
-Двајцата сакавме да направиме таква фотографија. Сакавме да бидеме поинакви од другите парови. Никој не знаеше освен фотографот. Нему му беше смешно и се воодушеви, раскажува Гарет.
Тие велат, на денот на венчавката многу се глупирале и нон-стоп се смееле. Сепак на Фејсбук, не му беше смешна оваа фотографија, па на барање на повеќето нивни пријатели ја тргнале.
-Не ми е јасно зошто им пречи фотографијата на луѓето. Дури и нашите семејства се смееја. Сакав во албумот од венчавката да има и фотографија на која ќе се смееме и која никогаш нема да ја заборавиме, вели невестата.
Инаку двојката се запозна во школски автобус во средно училиште, а повторно обновиле контакт преку Фејсбук неколку години подоцна.
Ново на Сител
-
Франција на работ на економска и политичка криза, премиерот веројатно ќе го изгуби гласањето за доверба
-
Русија со балистичка ракета ја нападна Одеса
-
Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани
-
ЦУК: Активни пожарите кај селата Русиново и Никуштак, четири ставени под контрола
-
Осумнаесет лица со повреди од пожарот во „Макпрогрес“ примени во Болницата во Кочани
-
Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија
-
Лазаров: Разочаран сум од толку промашувања
-
Захарова: Европските лидери што го поддржуваат Киев се „мутирани џуџиња“