Македонија
29. October 2016 - 9:43

Вакцинација против сезонски грип во Дебар

Во дебарската работна единица на Центарот за  јавно здравје-Охрид, во изминатите два дена, од кога почна вакцинацијата против сезонски грип, ја  примиле седумдесет лица.

- Годинава набавивме 500 вакцини, што е за педесет повеќе споредено со лани. Тоа поради поголемата заинтересираност што беше лани бидејќи заради  близината,  за имунизација од сезонски грип, се јавуваат и жители од подрачјето на Река, општина Маврово Ростуше, информира Ментор Меља, епидемилог, додавајќи  дека доколу биде потребно ќе се изврши и дополнителна набавка.

Според Меља вакцината е со унифицирана цена од 400 денари и се препорачува за лица со зголемен ризик за заболување од грип и можни компликации од грип.