Вечер по повод Денот на незвисноста на Индонезија
По повод 71-та годишнина на Денот на независноста на Индонезија, во Музејот на македонската борба ќе се одржи Индонезиска вечер - прв настан чија цел е да ги зацврсти билатералните односите помеѓу Индонезија и Македонија и да придонесе за запознавањето на двата народа.
Амбасадата на Република Индонезија соопшти дека ќе биде претставен традиционалниот автентичен танц од Бали во изведба на танцовиот мајстор Аја Булантрисна Џелантик и неговата група.
Гостите ќе може да уживаат и во убавините на Индонезија претставени преку фотоизложба, како и да вкусат карактеристична индонезиска храна и индонезиско кафе.
Како што соопшти почесниот конзул на Република Индонезија во Скопје, Сашко Кедев, на Индонезиската вечер е најавено присуство на дипломатскиот кор во Македонија, претствници на Владата на РМ, бизнис-секторот и од индонезиската заедница во Македонија. кс/хс/ 07:39
Ново на Сител
-
Приведен 43-годишник кој бил баран по централна потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци
-
Власти на Хамас: Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот
-
Телефонски разговор Зеленски-Трамп
-
Во Гостивар ограбени 18 кг злато вредно 2 милиона евра
-
Вработена во казино од прометот одзела 816.297 денари и ги искоцкала на апарати
-
Злато вредно 1.8 милион евра украдено во грабежот во Гостивар
-
Две малолетнички во Карпош тепале врсничка, настанот го снимале и го споделиле на социјални мрежи
-
Битолчанец продавал марихуана на затвореници од КПУ Затвор Битола