СБ на ОН го отфрли рускиот предлог за резолуција за Сирија
Советот за безбедност на Обединетите нации го отфрли вчера рускиот предлог за резолуција за Сирија, со кој се повикува на итно примије во таа земја, пред се во Алепо. Предлогот не доби девет гласови, колку што минимално е потребно за да биде усвоен.
Само четири земји гласале за рускиот предлог, додека девет гласаа „против“, а две држави беа воздржани, така што ветото не беше потребно за да се блокира тој предлог.
Некоја резолуција за да биде усвоена во СБ потребно е најмалку девет земји-членки да гласаат за неа и ниту една да не стави вето.
Рускиот предлог повикува за итно примирје во Сирија, пред се во Алепо и има цел да ја обнови пропаднатата спогодба за прекин на огнот, која САД и Русија ја постигнаа на 9 септември.
Во рускиот текст меѓутоа не се споменува прекин на бомбардирањата врз Алепо и се бара да се овозможи доставување хуманитарна помош, јави Танјуг.
Русија претходно денеска во СБ на ОН стави вето на резолуцијата, која ја предложи Франција, а со која се бара ставање крај на воздушните напади и воените летови над сирискиот град Алепо.
Единаесет земји-членки на СБ ја поддржаа резолуцијата, предложена од Франција, додека две земји, Русија и Венецуела гласаа „против“, а две, Кина и Ангола беа воздржани.
Францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро повика во пресрет на гласањето да се преземе итна акција со цел да се спаси Алепо од уништување со сириската воздушна кампања, со поддршка на Русија.
Во пораката упатена до Русија тој рече дека секоја земја, која ќе се спротивстави на француските мерки „ќе му даде можност на сирискиот претседател Башар ал Асад уште повеќе да убива“.
Најмалку 250 илјади луѓе живеат под опсада во источниот дел на Алепо, кој е во рацете на бунтовниците и се соочуваат со речиси секојдневни бомбардирања, откако сириската војска со поддршка на Русија, минатиот месец почна офанзива за преземање на тој град.
Ново на Сител
-
Трамп ќе го посети „Алигаторскиот Алкатраз“ - центар за притвор на мигранти во Флорида
-
Мицкоски: Нашата сила е во обединетоста и стабилноста преку зајакнување на односите со нашите соседи и со ЕУ
-
Танкер со нафта експлодираше во близина на Либија
-
Почина пешак во Скопје откако во него удри мотоциклист
-
Кошта и Фон дер Лајен го поздравија стартот на Данското претседавање со ЕУ
-
Приведен возач поради сообраќајката на ул. „Ќемал Сејфула“ во Скопје
-
Обвинителство бара притвор за осомничениот за напад врз лекари и полицајци во казино во Битола
-
Раст на каматната стапка на депозитите, намалување кај кредитите