-->
-->
Нова улица во општина Аеродром
-->
Општина Аеродром неодамна изгради нова улица „Новопроектирана 4“ меѓу новите згради во локалитетот Индустриска зона.
Како што информираат од Општината, станува збор за собирна улица во должина од околу 500 метри и широчина од 16 метри.
- Улицата е составена од две сообраќајни ленти од по шест метри, како и тротоари од двете страни на улицата од по два метра. Претходно на оваа локација беше изведена целосно нова фекална и атмосферска канализација, водоводна мрежа, а исто така се предвидени и нови линии за јавно осветлување, така што овој дел од населбата ќе добие целосно нов и поурбан лик, а жителите на новите згради современи услови за живот, велат од општина Аеродром.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна