Поштенски маратон член на најпрестижната асоцијација за маратони во светот
Првиот Поштенски маратон стана член на најголемата асоцијација за маратони во светот „Асоцијацијата на интернационални маратони и трки на далечина“ (AIMS- Association of International Marathons and Distance Races). Во оваа организација членуваат 400 маратонски трки од повеќе од 120 држави и територии во светот, а од сега и Поштенскиот маратон, кој оваа година ќе се одржи на 9 октомври во Прилеп.
Сертификацијата на маратонот се одвиваше на тој начин што официјален претставник на AIMS ја поминува, мапира и во исто време ја сертифицира целосната патека по која се одвива маратонската трка во Прилеп. По утврдувањето на сите правилности и далечината од вкупно 42 километри, донесена е одлука Поштенскиот маратон да стане член на организацијата.
Целта на оваа соработка е да се етаблира и промовира патеката на Поштенскиот маратон низ целиот свет, размена на информации, знаење и стручност меѓу сите членови на здружението, како и поттикнување на странски маратонци и рекреативни тркачи активно да учествуваат во маратонот.
Пријавувањето се врши на веб страната на маратонот www.postalmarathon.com, а сите заинтересирани тркачи може да одберат да трчаат маратон од 42 километри, полумаратон од 21 километар, рекреативна трка од 5 километри и трка за деца од 1 километар.
Собраните средства од котизацијата на учесниците ќе бидат донирани на фондот за помош на поплавените подрачја во Македонија, со што целокупната заедница на тркачи на долги стази се вклучува во хуманитарните активности по повод катастрофалната поплава која зафати неколку подрачја во Македонија.
Ново на Сител
-
Генералниот секретар на ОН го поздрави мировниот план на Трамп
-
УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани
-
Истрага против тројца турски државјани, му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат
-
РКЕ: Прекин на испораката на гас
-
Шикорски не ја исклучува можноста Путин да го нападнe НАТО
-
Косовец крадел струја за својот продажен објект во Карпош
-
Обвинетиот за убиството на Чарли Кирк ќе бара прелиминарно сослушување
-
Мотоциклист удрил во 76-годишна жена и тешко ја повредил