Еве кои делови од Скопје во петок ќе останат без струја
Корисниците од улицата „Букурешка“ од број 91 до број 101 во општина Карпош в петок од 9 до 13 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Во периодот од 9:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Скупи“ бр. 29 и подулица „3“ во општина Карпош, од 9 до 15 часот корисниците од село Мирковци подулици „1“ и „4“, а од 9 до 13 часот корисниците од село Варвара и дел од Маркова Река.
В петок од 9:30 до 13:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат и корисниците од улиците „Димитрија Чуповски“ и „Ужичка Република“, а од 8:30 до 10:30 часот дел од корисниците од улиците „Салвадор Аљенде“ и „Тасино Чешмиче“ во општина Кисела Вода.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа