-->
-->
Времен сообраќаен режим на „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Џон Кенеди“
-->
Сообраќајот на крстосницата на булеварот „Џон Кенеди“ со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, во општина Чаир, поради изведување прекоп, денеска ќе се одвива под посебен режим.
При изведбата на прекопот, како што соопшти Град Скопје, во ниту еден момент нема да биде затворена за сообраќај улицата, туку ќе се воведе привремен сообраќаен режим и ќе се постави сигнализација.
Град Скопје апелира до учесниците да се придржуваат на поставената сигнализација, за безбедно и непречено одвивање на предвидените градежни работи, како и на сообраќајот.
Прекопот се изведува поради дислокација на подземни кабли кои се наоѓаат на трасата на градежните работи на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје
-
Двајца битолчани украле бакарен кабел и други предмети во вредност од 2.970.000 денари
-
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Валенсија