Заврши потрагата по можни остатотици на авионот на „Малезија ерлајнс“ на островот Реунион

На францускиот остров Реунион во Индискиот окен, завршија активните пребарувања на плажите и океанот по можни остатоци од летот MH370 на „Малезија ерлајнс“, пренесува дописникот на МИА од Париз.
- Пребарувањето не дозволи во ништо идентификување на веројатни елементи кои можат да бидат поврзани со авион, мерките за пребарување се движат кон внимателно следење, изјави префектот на Реунион, Доминик Соран.
По откривањето на 29 јули, на брегот на Сант Андре на парче од крилото на авион за кое се претпоставува дека му пришаѓа на авионот на Малезија ерлајнс на Боингот 777 кој исчезна на 8 март 2014 година, француските власти на 7 август го активираа широкиот план за пребарување на морето и на копното.
Десет дена, воениот авион од типот Каса „надлета вкупна површина од 10.000 морски км2“, се вели од префектурата. Пребарувањето најпрво беше насочена кон Истокот и Југот на островот, од 13 август и на север и северозапад од минатиот викенд. Овие истраги, дополнети од страна на употребата на хеликоптери и патролните чамци на жандармеријата (...) не дозволија да се идентификуваат други остатоци од авионот, ниту било што "како докази би можеле да се поврзат со авион", се вели понатаму од префектурата на Реунион.
Патролите на брегот, спроведени од страна на жандармите и полицијата, го опфатија целиот источен брег на островот. Некои од собраните елементи и преметот на брегот и се предадени на Жандармеријата за воздушниот сообраќај (GED) за потребите на судската истрага. Во отсуство на нови откритија на предмети од интерес на тековната истрага ", се чини дека статистички шанси за откривање на остатоци на MХ370 во текот на пребарувањето се чини дека се екстремно ниски", нагласува префектурата. "Поради ова мерките на пребарување се движат кон кон внимателност ", додава таа.
Француските власти ќе ја зачуваат нивата будност на овој дел од морето и на брегот за време на различните тековни мисии, се вели од префектурата. Што се однесува до корисниците на морето и возушните навигатори, тие се охрабруваат да бидат внимателни и да пријават сомнителни наоди на регионалниот центар за надзор и спасување.
Од 7 до 17 август, во мобилизација на армијата, жандармерија и полиција, бе а ангажирани 192 лица на брегот за вкупно 141 часа напребарување. Авионот Каса помина 25 часа над океанот, хеликоптерите на жандармеријата и војската спроведоа 7,5 часа на патролни летови, додека патролните чамци на жандармеријата имаше 15,5 часа на патролиеање, во што беа вклучени 143лица.
Боингот 777, на летот MХ370 на Малезија ерлајнс исчезна на 8 март 2014 година, кога тој леташе од Куала Лумпур за Пекинг со 239 лица во авионот. Парчето на крилото откриено на Реунион, беше експертизирано во лабораторијата на Генералниот директорат за вооружување близу Тулуз, на 6 август. Малезија веднаш потоа соопшти дека тоа му припаѓа на исчезнатиот Боинг на Малезија ерлајнс, како прв доказ дека авионот се урна во Индискиот Океан. Обвинителството во Париз, кое, исто така води истрага бидејќи четири жртви во авионот се француски, беше многу попопретпазливо, зборувајќи само за "многу силни сомневања" дека делот му припаѓа на авионот. Овај дел на крилото, е засега единствениот формален доказ идентификуван од летото MХ370.
Ново на Сител
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
-

Доживотен затвор за братоубиство од користољубие во Кавадарци
-

Брнабиќ: Зад Србија останува неверојатно тешка година, се надевам дека 2026 година ќе биде понормална
-

Фатон Љури осуден на 11 години затвор за прегазување на пешак на кејот на Вардар
-

Горивата поскапуваат за половина денар
-

ДИК го усвои конечниот извештај за Локалните избори 2025, одлуки и за подготовка на повторените локални избори во четири општини
-

Мајка ја однела ќерката во „Пулс“, нејзиниот малолетен син се спасил бидејќи полицијата го избркала надвор
-

Алиу: До мај ќе имаме нов паркинг на Клиничкиот центар со „смарт“ инфраструктура и катна гаража
