Отворен повик за поезија на тема „Поплава“
Глобалното движење „100 илјади поети за промена“ Македонија ги повика сите поети да споделат своја поезија на тема „Поплава“.
Причината поради која се отвора овој повик е невремето што во саботата го зафати Скопскиот регион.
- Социјално ангажираната поезија како современа алатка е од исклучителна важност за подигањето на свеста кај граѓаните за сите (не)природни несреќи кои ни се случуваат. Да споделуваме стихови со кои ќе си помогнеме меѓусебно, со кои ќе се потсетиме на тоа колку е животот важен и непредвидлив, се наведува во соопштението.
Иницијативата е поттикната од здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, во соработка со Scuola di poesia – Школа за поезија – Делегација Македонија.
Повикот е отворен до 20 август, а целата поезија што ќе пристигне, ќе биде објавена во е-стихозбирка насловена „Поплава“.
- Повикот е отворен до 20 август, со оглед на тоа што наскоро започнува официјалниот конкурс за учество на шестиот по ред фестивал „100 Илјади поети за промена“ кој ќе се реализира на 24 септември 2016 година во Струмица, се вели во соопштението.
Стиховите може да се испраќаат на фејсбук страната или на poetizapromena@gmail.com.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска