Свет
6. July 2016 - 9:01

Крал Салман: Саудиска Арабија со „железна тупаница“ ќе се бори против екстремизмот

Саудиска Арабија ќе ја продолжи борбата со екстремизмот и со тие кои шират слични идеи, изјави синоќа кралот Салман во обраќање до нацијата по повод празникот Рамазан.

- Најголемиот предизвик пред исламската нација е зачувување на богатството и надежта за иднината на младите, кои се соочуваат со заканата на екстремизмот и злите повици, кои ги поттикнуваат на неадекватни постапки, посочи кралот Салман.

Тој додаде дека Кралството е одлучно со „железна тупаница“ да се бори против екстремизмот.

Во понеделникот бомбаши-самоубици извршија напади во Џеда, Катиф и Медина.