-->
-->
Груевски за „Политика“: Нема да се откажеме од тоа што сме!
-->

На сите им е јасно дека Македонија е блокирана затоа што Грција има проблем со нашето уставно име. Ние сме подготвени да разговараме за решението на овој проблем, но, за жал, решението не зависи само од нас. Потребна е и добрата волја на другата страна, која треба да ја сфати нашата позиција. Не е можно и ние никогаш нема да се откажеме од она што сме, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервјуто за белградскиот весник „Политика“.
Во интервјуто Груевски нагласува дека иако Македонија е цврсто определена за евро-атлантска интеграција, нема позитивен исчекор.
– Македонија не скршнала од вистинскиот пат, но не оди со она темпо со кое тргнала порано -рече тој.
Според него, за односите со соседските држави не може да се каже дека „сите се на исто ниво и оти се такви какви што Македонија би сакала да бидат“. Прашан за коментарот за работата на Специјалното јавно обвинителство, Груевски одговори дека „тоа е нарачана политичка пресметка“.
– СЈО треба да е независно, а сега настапува како златната рипка и ги исполнува желбите на Зоран Заев. Токму неговата единствена и најсилна желба е мене да ме нема за противник. На основа на неговите наредби се прави обид да се креираат случаи. Падна до таму ниско што мора да плаќа правници за да го бранат преку медиуми. Нема правници, освен оние што ги плаќаат Заев и СЈО, што ќе речат дека барем во некој дел нивното обвинение е издржано. СЈО има шанса да остави трага и да ги расчисти сите исконструирани афери, но тие го избраа полесниот пат, да тргнат во насока кон Заев и да го извалкаат образот со тоа што го напуштаат правото и се мешаат во политика – рече Груевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Денешниот разговор меѓу Путин и Виткоф постигна голем напредок
-
Јаневска: Учениците и родителите да бидат спокојни, учебници ќе има
-
Новата фудалска сезона во Македонија ќе стартува со ВАР системот
-
Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“
-
Кремљ: Тричасовната средба меѓу Виткоф и Путин беше „корисна и конструктивна“
-
Возило изгоре на паркинг во Велес
-
Контрола на УЈП за фискализацијата, неправилности кај 30 отсто од субјектите, четири затворени
-
Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури