-->
-->
Најмалку 15 луѓе загинаа во самоубиствениот напад во Могадишу
-->
Полицијата денеска соопшти дека најмалку 15 луѓе загинаа во самоубиствениот напад врз хотелот „Насахаблад“, што се наоѓа во центарт на Могадишу.
Припадници на сомалиската исламистичка терористичка организација Ал Шабаб вчера извршија самоубиствен бомбашки напад врз хотелот, а потоа земаа заложници. Полицијата потврди дека е завршена заложничката криза.
При нападот на бомбашот-самоубиец загинаа најмалку 15 луѓе, меѓу кои и чувари на хотелот, цивили и исламисти.
Портпаролот на Ал Шабаб тврди дека во нападот загинале најмалку 20 лица.
Исламистичката група често извршува напади во Могадишу, обидувајќи се да ја собори Владата, која е поддржана од Западот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран утре во портокалова фаза
-
Гаши - Агелер: Многу е важна улогата на Северна Македонија и САД во промовирање на регионалната стабилност
-
Меџити: Новата влада ќе се формира на 19 или 20 јуни
-
30-годишник избоден во близина на обложувалница во Охрид
-
Еден загинат во експлозија во полска фабрика за вооружување
-
САД и Полска почнуваат заедничка операција за помош на Украина во борбата против дезинформациите на Кремљ
-
Беќировиќ: Декларацијата од Сесрпскиот собор го реинкарнира проектот за голема Србија
-
Лавров: Растот на БРИКС е показател на создавањето мултиполарен свет