Британскиот заменик амбасадор Едвардс во посета на Гевгелија
Заменик амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Пол Едвардс, денеска престојуваше во посета на Гевгелија каде од градоначалникот Иван Франгов беше информиран за проблемите со кои се соочува општината и нејзиното население со бегалската криза како и за начинот за нивно решавање со помош на Министерството за труд и социјална политика, УНХЦР и претставниците на ЕУ во земјава.
Градоначалникот Франгов информирал и за мерките за решавање на бегалската криза што ги донесе локалниот Совет за превенција на општина Гевгелија, а кои веќе се доставени до Републичкото координативно тело за справување со кризата.
Франгов при тоа потенцира дека како најургентно се бара евидентирањето на мигрантите и издавањето дозволи за барање азил да се одвива на прифатен пункт, што би бил лоциран на 600 метри до граничната линија меѓу Македонија и Грција. Тоа, вели, би овозможило приуството на мигрантите во градот да се сведе на минимум и да се забрза постапката за нивно транспортирање кон Табановце.
По средбата Франгов и заменик амбасадорот Едвардс беа во посета на железничката станица во Гевгелија каде секој ден престојуваат од 500 до 1.000 бегалци.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево
-
На жена од кочанско и зел 4000 евра ветувајќи и пензија, па ја прекинал комуникацијата со неа
-
Активни три пожари - кај Винче, на Кожуф и на патот Богданци - Гевгелија
-
ПМФЛ: Победи за Вардар и Работнички
-
Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара
-
Жител на Чашка измамен за 14 илјади евра, му рекле дека ќерка му имала сообраќајка и треба да се оперира
-
Делови од Карпош и Центар утре без вода
-
Премиера на филмот DJ Ахмет на последниот ден од фестивалот Браќа Манаки