Македонија
26. May 2016 - 12:51

Пронајдени 12 мигранти во „Лада нива“ на патот Гевгелија-Смрдлива Вода

На регионалниот пат Гевгелија-Смрдлива Вода, синоќа околу 23:50 часот од страна на мешовит полициски патролен тим, при контрола на возило марка „Лада Нива“ без регистарска ознака пронајдени се 12 мигранти и тоа 11 од Сирија и еден од Ирак.

Како што соопшти денеска МВР, возачот успеал да побегне. При извршен преглед на возилото, помеѓу седиштата се пронајдени гевгелиски регистарски таблички, сопственост на Ѓ.Ѓ. (60) од село Стојаково. Мигрантите и возилото, стои во соопштението, се донесени во ПС за ГН и ГП„Богородица“-железнички премин за понатамошна постапка.