Свет
5. May 2016 - 16:34

Погледнете што Израелците сметаат за порнографија и забрануваат да се емитува на телевизија

Комерцијалната реклама за костими за капење во кој глуми супермоделот Бар Рафаели е забранета на израелските телевизии.
 
Рекламата во која 30. годишниот модел ужива во сонцето на плажа додека носи бокини, снимена е додека убавицата била во третиот месец од бременоста.
 
Контроверзниот дела е оној кога Бар се пресоблекува стоејќи позади вратата на автомобилот, што надлежните го карактеризирале како премногу еротски, односно дека асоцира на порнографија.
 
Спорни се и снимките од крупниот кадар во кој манекенката е под туш.
Лидерите на агенцијата која контролира што ќе се објавува на израелската телевизија и радио изјавиле дека сите тие делови од рекламата која трае 45 секунд би требало да се отстранат, за да се прикажува.
 
Но и без тие делови рекламата не мсее да се пушта пред 22:00 часот.
Инаку, супермодел е веќе во петтиот месец од бременоста. Тоа ќе биде нејзиното прво дете со сопругот Ади Езра, а неодамна објавија дека тие чекаат девојче.