Eвролига: Перо сака трета титула
Легендата на македонската кошарка Перо Антиќ со нетрпение го очекува стартот на завршниот Фајнал фор во Евролигата претстојниот викенд во Берлин. Покрај тоа што е првиот Македонец кој заигра во НБА лигата, Антиќ сака да биде и единствениот од нашата мала држава со три трофеи во ова натпреварување:
„Ова ќе биде трет фајнал-фор турнир за мене, па искрено се надевам дека ќе успеа да го задржам 100% учинок и ќе стасам до третата титула во ова натпреварување. Уште од страртот на сезоната, наша цел беше освојување на трофеј, а тоа го потврдивме со триумфот над бранителот Реал Мадрид со победа од 3:0“ - изјави Антиќ.
Со освојување на пехарот во Берлин, Антиќ се постане единствениот Македонец кој што трипати успева да триумфира во Евролигата, а со тоа ќе го престигне легендата на македонската кошарка Петар Наумоски.
„Бројот на играчи што имаат освоено три трофеи е мал. Тоа е големо достигнување за мојата држава бидејќи имаме само еден поранешен кошаркар кои има освоено две титули, легендарниот Петар Наумоски. Но разликата меѓу нас е што тој не играше на натпреварите кога ги освои трофеите“ - додава Антиќ.
Антиќ има освоено две титула во низа со тимот на Олимпијакос во сезоните 2011/12 и 2012/13.
Ново на Сител
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
