-->
-->
Македонија има право да ја контролира својата граница согласно меѓунардоните стандарди
-->

Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт денеска ги отфрли наводите на дел од медиуми кои бараа Берлин да ја критикува Македонија за акцијата во која македонските гранични служби ги спречија бегалците од дивиот камп на Идомени да влезат на македонска територија.
Според позициите на Берлин секоја држава треба своите граници да ги штити согласно меѓународните стандарди. На директно прашање дали Германија ќе ја осуди употребата на гумени куршуми и солзавец против бегалците, Зајберт изјави дека обидите на бегалците да ја минат границата е решение кое што не дава надеж а контролата на меѓународните граници во секоја земја мора да биде во рамји на меѓународните стандарди.
Според портпаролот на германската влада Берлин е загрижен за тешките услови за сместување на бегалците на границата меѓу Македонија и Грција како и за тензиите на граничната линија во последните два дена.
Германија е најчестата дестинација на бегалците кои што досега минуваа преку Балканската рута и цел на десетиците илјади бегалци кои што се наоѓаат на грчка територија и сеуште се надеваат да влезат на територија на ЕУ преку Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Творештвото на Чемерски заслужува темелно да се истражи, документира и претстави
-

Од победник на ораторски вечери до Индија на Мис на светот | Чарна Невзати | Sitel Podcast 125
-

Од следната недела се воведува 18% ДДВ на онлајн-нарачки до 22 евра
-

Поради говорот на омраза на Додик, СНСД ќе плати казна од 15.000 евра
-

Советот на Европа бара поефикасно собирање податоци за справување со сексуалната злоупотреба на децата
-

Амандманската расправа за Буџетот за 2026 продолжува утре напладне
-

Најмногу дожд на Попова Шапка, најмалку во Штип
-

Во Собранието амандманска расправа за Буџетот за 2026
