Скопскиот аеродром меѓу 10-те најдобри во Источна Европа
Скопскиот аеродром „Александар Велики“, со кој оперира ТАВ Македонија, е рангиран меѓу десетте најдобри во Источна Европа за 2016 година.
Ова признание, скопскиот аеродром го добива втора година по ред од страна на британската организација „Скајтракс“. Наградите беа доделени на саемот за аеродромски услуги ,,Passenger Terminal Expo“, кој неодамна се одржа во германскиот град Келн.
Скопскиот аеродром е рангиран на 9-тата позиција на топ 10 листата на аеродроми во источна Европа, во категоријата – најдобри аеродроми според регионот. На првото место на листата е аеродромот во Будимпешта, по што следат аеродромите во Талин, Киев, Рига, Белград, Тбилиси, Софија, Братислава, Скопје и Варна.
Најдобрите 10 аеродроми во светот за 2016 се Чанги во Сингапур, Инчеон во Јужна Кореја, Минхен, Ханеда во Токио, Хонг Конг, Центраир во Нагоја - Јапонија, Цирих, Хитроу во Лондон, Кансаи во Јапонија и Хамад во Доха.
- Ова е престижно признание во авијацијата кое што се доделува секоја година во конкуренција на 550 аеродроми ширум светот, при што се оценува искуството на патниците во различни аеродромски услуги, како што се чекирање, пристигнување, трансфери, шопинг, безбедност и т.н. Фокусирани на главниот аеродром во Република Македонија, во ТАВ Македонија сме посветени на развој на успешен лидерски тим и ги вреднуваме важните улоги кои аеродромските работници ги имаат на аеродромот, вели Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.
Скопскиот аеродром минатиот месец ја доби и наградата ASQ (Airport Service Quality) за најдобар аеродром за 2015 година во Европа, во категоријата - аеродроми со помалку од 2 милиона патници. Истата награда ја доби и во 2012 и 2013 година.
Минатата година заврши со пораст од 22 проценти на вкупниот број на патници на двата македонски аеродрома, достигнувајќи бројка од 1.560.381 патник. Истовремено, вкупниот број на воздухопловни операции беше 15.510, со пораст 11 проценти на годишно ниво. Трендот на зголемен сообраќај продолжува и годинава така што во првите два месеци од годинава превезени се 219.378 патници, што е пораст од 28 проценти во однос на истиот период минатата година. Зголемување за 15 проценти има и кај полетувањата и слетувањата.
„Скајтракс“ е истражувачка организација основана 1989 година со седиште во Лондон, Велика Британија. Организацијата е специјализирана за спроведување на истражувања во авиоиндустријата посветени на подобрување на услугите што авиокомпаниите и аеродромите им ги нудат на патниците низ светот. Изминативе 16 години ги спроведува истражувањата за најдобрите авикомпании и аеродроми во светот. Доделувањето на Светските аеродомски награди почна во 1999 година, кога „Скајтракс“ го спроведе првото глобално истражување за задоволството на патниците од аеродромите. Денес, наградата се базира на спроведени 13,2 милиони анкети и прашалници, пополнети од аеродромски патници од 106 националности за време на периодот на испитување, кој траеше од јуни 2015 година до февруари 2016 година. Со истражувањето беа опфатени 550 аеродроми во светот, а преку него се проверуваа искуствата на патниците во поглед на различни аеродромски услуги како чекирање, пристигнување, трансфери, шопинг, безбедност и други услужни сегменти.
Ново на Сител
-
Учество на министерот Муцунски на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите - членки на НАТО
-
ОН загрижени за случувањата во Јужна Кореја
-
Во израелски напад убиен припадник на Хезболах, задолжен за врска со сириската војска
-
Зеленски: Украина тестираше нови ракети од сопствено производство
-
Осумдневен притвор за млад скопјанец кој се обидел да запали знаме
-
Истрага и побарана мерка притвор за лице кое поседувало амфетамин во Инџиково
-
Претседателот на јужнокорејскиот Парламент вели дека војниците го напуштаат парламентот
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патниот правец Маврово - Бунец