Пристигнува мрачна ТВ комедија со Ема Стоун и Јона Хил
Симпатичната Ема Стоун Фановите ќе ги развесели со фактот дека наскоро ќе можат да ја гледаат во духовита тв серија и тоа во добро друштво.
Ема и Џон Хил се ѕвезди на новата серија под наслов „Maniac“ која се најавува како многу мрачна, но и смешна.
Се е јасно ако се знае дека зад „Maniac“ стои Кери Фукунага, продуцент заслужен за хитот „True Detective“.
Приказната на оваа серија ќе биде сместена во ментална болница со фокус на мажот Епсен, кој ќе го игра Џон Хил.
Тој доживува неверојатни авантури во неговиот ум, но во реалноста не се поместува од собата со обложени ѕидови.
„Maniac“ се темели на истоимената норвешка серија, а ќе се емитува на Нетфликс, јави TV.com.
До сега нарачани се десет епизоди од оваа серија, а уште не се знае кога ќе може да се види првата.
Ема и Џон веќе играа заедно во филмот „Супербад“.
Ново на Сител
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин
-
ДКСК: Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон е законско
-
Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем
-
Пет закони ќе се менуваат за квалитетно да профункционира „Безбеден град“