Седница на Комисијата за надзор на работата на УБК и АР
Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање денеска одржува седница на која присуствуваат и директорите и замениците директори на овие безбеносни служби.
Пратениците се усогласуваа за дневниот ред откако најпрво свои предлози дадоа Павле Трајанов од ДС, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и Васко Ковачевски од СДСМ.
По усогласувањето и гласањето, Комисијата усвои дневен ред којшто беше дополнет со Информација за можни безбедносни закани и ризици од регионот и глобално, со Извештај во врска со настаните поврзани со опремата за расходовање во УБК. На дневен ред на Комисијата се Предлог извештај за работа во 2015 година, како и за Годишниот извештај за работа на Агенција за разузнавање, Извештајот за работа на Управата за безбедност и контраразузнавање за 2015 година и Програмата за работа на УБК за годинава.
СДСМ предложи Извештајот за работата на УБК за 2015 да биде тргнат од дневен ред за тој да се дополни со информација за уништувањето на оремата за прислушување, што не беше прифатено од мнозинството.
Претседателот на Комисијата Хари Локвенец од СДСМ во изјава за медиумите рече дека се покажало дека денешната седница е само уште еден доказ дека за функционирање на партијата на власт со аргументите на мнозинството во собранието.
Локвенец рече дека опозицијата подолго време бара суштински надзор над безбедносните служби и затоа предложила повлекување на Извештајот на УБК со цел тој да се дополни со информации за техничката опрема со која располага, нејзините карактеристики, упатство за употреба од производителот на опремата којха е затекната во 2006 година, сите измени, расходувања, нови набавки во тековниот период и моменталната опрема со која се располага таму, како и сите интерни процедури, подзаконски акти...
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО