Мицкоски: Очекувам граѓаните во Бугарија да изберат проевропски премиер фокусиран на добрососедските односи, наместо на билатерални прашања

Премиерот Христијан Мицкоски изрази очекување дека граѓаните во Бугарија на денешните парламентарни избори ќе изберат премиер, кој ќе биде проевропски ориентиран, насочен кон добрососедските односи, наместо кон билатерални прашања и посветен на темелните европски вредности.
-Очекувам дека граѓаните во Бугарија, кои гласаат во Бугарија ќе изберат премиер, односно претседател на Владата, кој ќе биде јасно проевропски ориентиран, подобрососедски ориентиран, наместо на билатералните прашања ќе се посвети на вистинските европски темелни вредности, дефинирани од Аденауер, Шуман и Де Гаспер многу одамна и дека како земја-членка на ЕУ ќе биде вистински промотор на копенхагеншките критеруми, а не на билатерални спорови, кои сега треба да дадат одговор на прашања, кои се од средниот век, рече Мицкоски на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање во врска со очекувањата од парламентарните избори во Бугарија, каде денеска граѓаните гласаат за избор на 52. состав на Народното собрание.
Премиерот истакна дека е и благо разочаран од нискиот одзив на македонските Бугари, бидејќи само 250 покажале интерес за учествуваат на изборите.
-Благо сум разочаран поради нискиот одзив на македонските Бугари, бидејќи само 250 македонски Бугари се заинтересирани да учестуваат на овие избори од оние според Радев и луѓето околу, 200 илјади. Очекував излезеноста да биде малку поголема, рече Мицкоски.
Гласачките места во Бугарија се отворија во 7:00 часот и ќе останат отворени до 20:00 часот, а доколку има редици од граѓани кои чекаат да го остварат своето право на глас, гласањето може да биде продолжено најдоцна до 21 часот. Во изборната трка учествуваат вкупно 24 политички партии и коалиции. Вкупно 4.786 кандидати се натпреваруваат за 240 пратенички места. Од нив, 1.440 се жени, додека 3.343 се мажи.
Ново на Сител
-

Спортски настан за промоција на физичка активност и здрави навики кај децата во кабинетот на претседателката
-

Избори во Бугарија: Според обработени 68,34 отсто од протоколите, Прогресивна Бугарија на Румен Радев води со 44,5%
-

Koсовски државјанин осомничен за тешки кражби во Скопје
-

Водовод: Водата за пиење во Скопје одговара на правилникот за безбедност и квалитет
-

ЈП „Комунална хигиена“ во текот на минатата недела подигна 655 кубни метри отпад од диви депонии
-

Ливерпул прв тим во историјата на Премиер лигата што победил на 60 различни стадиони
-

Сан Антонио го победи Портланд во првиот натпревар од плејофот, Вембањама постигна 35 поени
-

Гостиварец остана без „мерцедес“ откако возел 178 км/ч на место каде е дозволено 80
