Косовец со тесла ограбил тобако, украл 52.900 денари па избегал со велосипед

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик, како и уште еден обид да изврши тешка кражба од истиот објект.
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осмничениот 39-годишен косовски државјанин на 11 април со тесла го скршил стаклото од влезната врата на тобако-маркет во Скопје, влегол внатре, претурал и пребарувал и од маркетот одзел пари од дневен промет, разни алкохолни пијалоци, цигари и други ситни производи, во вкупна вредност од 52.900 денари. Веднаш потоа со велосипед избегал во непознат правец.
На 18 април, повторно на ист начин се обидел да влезе во истиот маркет, но за кратко време бил забележан од случајни минувачи и вработени кои пријавиле во полиција.
Во конкретниот случај, како што велат од Обвинителството, постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особено затоа што осомничениот непријавено престојувал во државава, па јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
МИА
Ново на Сител
-

Маж од скопско три дена ја киднапирал, тепал и силувал својата поранешна партнерка
-

Зеленски: Ситуацијата во Иран не ѝ дозволи на Русија да има корист од конфликтот
-

Поради зафати, делови од општина Центар утре без струја и вода
-

Владата донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците
-

Трамп: САД се подготвени за воена акција против Иран
-

30-годишна жена физички нападната од поранешната свекрва во струшката чаршија
-

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова
-

Група малолетници со балон полн со вода погодиле мотоциклист, кој потоа застанал и физички ги нападнал
