За наградата „Даница Ручигај“ во ДПМ пријавени 12 стихозбирки
За наградата „Даница Ручигај“, што се доделува за најдобра стихозбирка од авторка, членка на Друштвото на писателите на Македонија, досега се пријавени 12 поетски книги.
Од ДПМ во денешното соопштение посочуваат дека бројката на делата што ќе конкурираат за ова признание ќе биде поголема со оглед на претстојниот Саем на книгата за кога се очекуваат нови изданија.
Во конкуренција за наградата „Даница Ручигај“ ќе влезат стихозбирките објавени од 30 април 2015 до 30 април 2016 година. Книгите до ДПМ авторките и издавачите треба да ги достават во по четири примероци најдоцна до 5 мај.
Наградата „Даница Ручигај“ ќе биде врачена на посебна свеченост во Друштвото на писателите на Македонија, во текот на јуни. Доделувањето на ова признание е дел од активностите на Клубот на писателките, членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај.
Наградата „Даница Ручигај“ беше востановена минатата година. Прва добитничка на ова признание е поетесата Елена Пренџова за книгата „Политички коректна поезија“.
Ново на Сител
-
Предложен притвор за лицето кое со секира го уби својот татко во кичевско
-
САД, по трговските преговори, велат дека е постигнат „договор“ со Кина
-
Макрон: Неопходен е прекин на огнот за да има средба помеѓу претставници на Русија и Украина
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне пороен дожд и грмежи
-
Трамп повика на средба меѓу Украина и Русија во Турција оваа недела
-
ПМФЛ: Вардар го доби Работнички во градското дерби
-
Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП 2026
-
Куче врзано за кола и влечено во Крива Паланка