-->
-->
Утрово најстудено во Берово - 6, максималната дневна температура до 16 степени
-->

Најниска температура утрово е измерена во Берово - 6 степени, во Крива Паланка - 4, во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Демир Капија, Mаврови Анови, Попова Шапка -3, во Тетово, Куманово, Велес, Штип -2, во -1 во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Кавадарци, Струмица, Kрушево, 0 во Виница и 3 степени во Гевгелија.
Најмногу снег има на Попова Шапка 86 сантиметри.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Конвој танкери е забележан како го напушта Персискиот Залив и минува низ Ормуската Теснина
-

САД го продолжуваат рокот за привремен исклучок од забраната за купување руска нафта
-

Украински дронови погодија складиште за нафта во Крим, предизвикувајќи пожар
-

ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката
-

МЗ: Во болницата во Кочани ќе се вршат мамографски прегледи за пациентките од Штип и регионот
-

Најмногу дожд во Крива Паланка, најстудено на Попова Шапка
-

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, потврдено од меѓународните медиуми
-

Иран го негира тврдењето на Трамп дека ураниумот ќе биде префрлен во САД
