Македонија
17. December 2025 - 16:41
Антимигрантската резолуција влезе во Собранието – СДСМ остана надвор
Пратениците на СДСМ останаа надвор на денешната седница на која антимигрантската резолуција на мнозинството влезе во Собранието.
СДСМ и денеска не ја поднесе својата резолуција но обвини дека за да ја избегне дебата за неа премиерот како што велат побегнал дури во Брисел.
Темата за мигрантите која СДСМ ја лансираше пред десетина дена до овој момент не доби официјална потврда, а премиерот и министрите ја демантираа во повеќе наврати. Вчера и американската амбасадорка Агелер во Тема на денот потенцираше дека оваа тема не е добро да се користи за прибирање на политички поени.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
