-->
-->
Пронајдени и запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во струшко | ВИДЕО
-->

Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга- Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.
При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана. Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
