Првите три етапи на Џиро д’Италија 2026 ќе се возат во Бугарија

Организаторите на Џиро д’Италија ја претставија денеска рутата на 109. издание на една од најпрестижните велосипедски трки во светот, во Аудиториумот Парко дела Музика „Енио Мориконе“ во Рим.
Џиро ќе почне на 8 мај во Бугарија и ќе заврши на 31 мај во Рим. Планирани се 21 етапа, во вкупна должина од 3.459 километри.
Првите три етапи ќе се возат во Бугарија, а потоа велосипедскиот караван ќе се пресели на југот на Италија.
Ова ќе биде 16. пат во историјата Џиро да почне во странство.
„Тоа е модерно Џиро со пократки, но потешки етапи“, истакна долгогодишниот директор на Џиро, Мауро Вењи, кој ќе се пензионира во февруари на 66-годишна возраст откако по 31 пат ја дизајнираше рутата на престижната трка.
Оваа година победи Британецот Сајмон Јејтс, а рекордери се Италијанците Алфредо Бинда и Фаусто Копи, како и Белгиецот Еди Меркс со по пет титули.
МИА
Ново на Сител
-

ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
-

Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени
-

Родителите на жртвите од Кран-Монтана пред зградата на обвинителството се соочија со брачната двојка Морети
-

Ограбено финансиско друштво во Аеродром: Украдени сефови, пари, мобилни телефони и други предмети
-

72-годишна жена паднала од автобус, па била прегазена
-

Три возила опожарени во гаража во скопско Батинци
-

4-годишно девојче и 38-годишен маж починаа по операција на крајници во болница во Чачак
-

Алиу: Според експертите, ќе треба максимум два месеца за извештај за кардиохируршките интервенции
